Dark Mode Light Mode

Дел од пратениците ги повлекоа потписите, очекуваат утре да падне Владата со ревидирана иницијатива

Во Собранието попладнево е поднесен нов ревидиран список со потписи со барање за изгласување недоверба на Владата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новиот список е доствен до собраниската Архива и на него, како што наведуваат, од тактички прчини ги нема потписите на неколкумина пратеници кои биле на претходната листа. Очекуваат утре да има седница на Собранието и да и биде исгласана недоверба на Владата.

Засега нема официјална потврда кои пратеници не се на новиот список, но дел од медиумите, повикувајќи се на партиски извори, објавија дека станува збор за двајцата пратеници од Левица – Димитар Апасиев и Борис Крмов.

Реклама

Повлекување на потписите на пратениците од Левица бараше пратеникот на Алтернатива Скендер Реџепи, како услов неговиот потпис да остане на списокот за поднесување иницијатива за гласање недоверба на Владата.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ пред два дена поднесе иницијатива за гласање доверба на Владата на Зоран Заев, на која стоеја потписи на 61 пратеник од кои покрај ВМРО-ДПМНЕ се и пратеници на Алијанса, Алтернатива, Беса и на Левица. Иницијативата уследи откако премиерот, до понеделникот не поднесе оставка најавена по локалните избори.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Оштетено возилото на претседателката на СДСМ за Аеродром, градоначалникот Мицунски бара полиција на терен

Next Post

Гаши ја расчисти дилемата: Четирите пратеници на Алтернатива ќе гласаат за паѓање на Владата

Реклама