Градоначалникот на Студеничани од редовите на ДПА Азем Садику, премина во партијата Алијанса за Албанците. Тој денеска се сликаше со лидерот на Алијанса Зијадин Села и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари и тоа е објавено на фејсбук-профилот на партијата.
-Градоначалникот на Студеничани г-дин Азем Садику сега е дел од големото семејство на Алијанса за Албанците. Нему му се приклучија и локални структури кои одбија да се пазарат со актуелната власт. Правото и честа триумфираа!, се вели во објавата на Фејсбук.