Dark Mode Light Mode

Ништо ново: Невакцинираните и натаму повеќе на удар на заразата со ковид

Во период од 6 август до 4 ноември, на територија на државата се регистрирани 48 955 граѓанин кои се позитивни на ковид-19. Од нив, 13 886 или 28% биле целосно вакцинирани, додека 35 069, граѓани, односно 72% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 78%, додека 22% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

И смртноста кај невакцинираните е поголема, покажува анализата на ситуацијата со ковид-19 во земјата во овие три месеци – од вкупно починатите 1 688 пациенти со ковид-19, 1 376 пациенти, односно 82% не биле вакцинирани, а 18%, односно 312 лица примиле вакцина.

Реклама

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Алијанса го освои Студеничани - градоначалникот што победи со ДПА, премина кај Села

Next Post

АВМУ констатира чисто медиумско известување во вториот круг од кампањата

Реклама