Целото кавоводство на СДСМ е во оставка. Ова го соопшти денеска владеачката партија.
-Во врска со одредни шпекулации, напоменуваме дека согласно статутарните одредби на партијата, со оставката на претседателот Зоран Заев во оставка е и целото раководство на СДСМ, стои во соопштението.
На денешниот состанок на раководството на СДСМ биле утврдени и следните чекори на партијата по оставката на лидерот Заев.
– Се утврдија следните чекори на партијата кои од наредната недела ќе бидат ефектуирани, за што јавноста, граѓаните, ќе бидат информирани, се потенцира.
Се наведува и тоа дека претседателот Зоран Заев информирал за консултациите и разговорите со коалициските партнери.
-СДСМ се реорганизира со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и секако да биде водечка партија во парламентарното мнозинство. Во тек се секојдневни консултации и работни состаноци со партнерите во коалицијата од парламентарното мнозинство, како и во рамки на највисокото партиско раководство на СДСМ, се наведува во соопштението.
Од СДСМ уште порачаа дека на земјава и е потребна Влада која испорачува резултати од интерес на граѓаните посебно во време на пандемијата и енергетска криза со јасен евроатлантски курс на дејствување.