Барање да се изврши ревизија во скопската општина Карпош поднесе политичката партија Левица. Во партиското соопштение се наведува дека барањето е доставено до Државниот завод за ревизија во согласност со Законот за ревизија.
-Бројните индиции за нерегуларноста во работењето на општината предводена од Стефан Богоев е главната причина за поднесување на ова барање. Оттука очекуваме ДЗР да го прифати барањето и да спроведе итна ревизија, изјави Мартин Димоски, советник во Општина Карпош.
Последната ревизија во општина Карпош од страна на Државниот завод за ревизија е спроведена во 2017 година. Со ова барање, се иницира спроведување на три вида на ревизија: ревизија за регуларност, ревизија за усогласеност и ИТ ревизија.
Освен ова, и во други општини се најавуваат ревизии во работата на претходните раководства.