Dark Mode Light Mode
Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент
Знае ли Финска дека нашите ученици одат во полски тоалети оти други нема во некои училишта?
Премиера на „Палјачи“ во четврток во МОБ

Знае ли Финска дека нашите ученици одат во полски тоалети оти други нема во некои училишта?

Министерката за образование Мила Царовска соопшти дека во обуката на наставниците и директорите на училиштата за новиот образовен концепт ќе помогнеле фински професионалци. Финската помош, според Царовска, доаѓа заради тоа што оваа земја проценила оти македонската влада правела се за доброто на учениците и младите.

-Благодарна сум што Финска ни помага, а тоа сметам дека е резултат на нивното согледување дека како влада и како држава во развој, навистина се трудиме да ги следиме глобалните образовни трендови и сакаме да напредуваме, сакаме да создадеме подобри услови и образовни можности за младите, рече вчера Царовска.

Но фактите се спротивни на самодовербата на власта:

Реклама

-Нема таблети за децата во училиштата каде што во четврто одделение се спроведува дигитализацијата.
-Нема учебници за децата од погорните одделенија иако Царовска упорно тврди дека има. Ако некој има, тогаш тоа се искинати и стари.
-Има училишта во кои нема греење и се уште постојат единствено полски тоалети.
-Половина наставници сметаат дека е погрешен новиот образовен концепт, ама молчат од страв за работните места…

Знае ли Финска дека нашите ученици немаат основни услови за образование, додека министерството и цела влада уверуваат дека одиме напред? На нашиот образовен систем му требаат коренити промени, почнувајќи од поставување на темелни основи за основна функционалност. Шминката наречена дигитализација и нов концепт само уште понагласено ја отслика вистинската, лоша слика од теренот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Next Post

Премиера на „Палјачи“ во четврток во МОБ

Реклама