Dark Mode Light Mode

И Џафери на линија со Заев: Анкетна комисија за пожарот во Тетово откако ќе заврши истрагата

Претседателот на Собранието Талат Џафери смета дека предлогот за формирање Анкетна комисија за пожарот во модуларната болница во Тетово е преуранет. Анкетна комисија, според него, може да се формира откако ќе заврши работата на истражните и судските органи.

– Анкетната комисија не може да разгледа прашања коишто се во надлежност на истражните и судските органи. Вообичаено и претходните анкетни комисии како што беа за гостиварските настани и за Сопот се формирани постфестум. Според Деловникот, Собранието нема судски и истражни надлежности. Кога ќе има заклучок од надлежните институции, тогаш може да се вклучи Собранието преку Анкетна комисија за да ги потврди или да ги отфрли наодите на овие органи, изјави Џафери по денешната средба со медиумите.

По пожарот во модуларната болница во Тетово, опозицијата поднесе барање до Собранието за формирање на Анкетна комисија, но тоа беше вратено со образложение дека е неуредно, бидејќи не било испратено со уставното име на државата.

Реклама

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека ќе поднесат ново барање со „Северна“ само а да се откријат одговорните и да одговараат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Исплата на септемвриските пензии - во банка ќе оди етапно до петок, на картичка уште денеска

Next Post

Демнат измамници со огревно дрво - фатен еден од ланската сезона

Реклама