Dark Mode Light Mode

Исплата на септемвриските пензии – во банка ќе оди етапно до петок, на картичка уште денеска

Од денеска почнува исплатата на септемвриските пензии. Исплатата ќе се одвива етапно до петок, во зависност од висината.

Денеска ќе се исплаќаат пензии во висина до 11 илјади денари, утре до 14 илјади денари, задутре до 18 илјади денари. Во петок во филијалите и експозитурите на банките ќе се исплаќаат пензии во висина над 18 илјади денари.

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Реклама

Етапното исплаќање е само за оние кои доаѓаат на шалтерите и е во согласност со мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Сообраќајка во Тетово, тешко повреден мотициклист

Next Post

И Џафери на линија со Заев: Анкетна комисија за пожарот во Тетово откако ќе заврши истрагата

Реклама