Dark Mode Light Mode
Кој пат да го фати власта?
Ги слушна ли Заев внимателно претседателите Црвенковски и Иванов?
Нов силен земјотрес на Крит

Ги слушна ли Заев внимателно претседателите Црвенковски и Иванов?

Кампањата почна вчера. Фалењето и биењето во гради е пуштено на максимум. Сите работеле за доброто на Македонија. Ама вчера имаа излагања и поранешните претседатели на државата Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов на научниот собир во МАНУ…

-Ќе се самораспуштиме ли ако ЕУ одлучи да не се проширува? Доколку само очекуваме НАТО да не брани а ЕУ не храни, ниту ќе се одбраниме, ниту ќе се нахраниме, истакна Црвенковски, алудирајќи на постојаното објаснување на сегашната власт предводена од Зоран Заев дека Македонија нема друга алтернатива освен ЕУ.

За да биде поврел шамарот кон властите тој посочи дека Македонија е презадолжена.

Реклама

-Македонија живее на кредити, а кој живее на кредити – умира на рати, беше дециден Црвенковски.

По само неколку минути распали и поранешниот претседател Иванов.

-Со договорот со Бугарија власта во Македонија сака да реши едно прашање кое ќе ја задоволи само бугарската страна. Она што Македонија го добива за возврат е само понижување преку одрекување и одродување од сопствената историја, без која немаме компас за иднината, рече во своето онлајн обраќање, поранешниот претседател Иванов пред научниот собир.

Тој оцени дека сегашното време е најопасно време за Македонија по Втората светска војна и ја обвини актуелната власт за корупција, скандали и афери и порача дека членството во НАТО не ја сокрива грдата слика на земјата.

Го слушна ли сето ова внимателно премиерот Заев?

Засега се огласи само СДСМ со соопштение во кое истакна дека е нечесно претседатели од транзицијата и режимот да зборуваат за криминал и корупција, бидејки не направиле ништо во времето кога требале да му служат на народот.

Да, треба да се служи на народот, но кога тоа ќе почне да се случува уште не е видливо на хоризонтот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Кој пат да го фати власта?

Next Post

Нов силен земјотрес на Крит

Реклама