Dark Mode Light Mode

Демнат измамници со огревно дрво – фатен еден од ланската сезона

Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар поднесе кривична пријава против 45-годишен скопјанец, осомничен за измама со огревно дрво.

Пријавениот на 07.03.2021 во с. Долно Лисиче, скопско, со намера да се стекне со  противправна имотна корист на оштетениот В.Ц. од Скопје му се претставил како превозник-трговец со огревни дрва, нудејќи му огревни дрва по поволна цена, ако му позајми 14.500 денари за да ја замени гумата од камионот, на кој му се натоварени дрвата за продажба. Откако ги земал парите, Н.Д. ниту донел дрва, ниту се јавувал.

На тој начин го довел во заблуда оштетениот, кој му ги дал парите и еден мобилен телефон на пријавениот, со што Н.Д. се стекнал противправна имотна корист од околу 20.000 денари, соопштија денеска од МВР.

Реклама

 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И Џафери на линија со Заев: Анкетна комисија за пожарот во Тетово откако ќе заврши истрагата

Next Post

Можно е продолжување на пописот?

Реклама