Dark Mode Light Mode

Одбиена и втората гаранција на Камчев, останува во Шутка

Бизнисменот Јордан Камчев останува во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. Кривичниот совет во Основниот кривичен суд ја одбил понудената гаранција од речиси 2 милиона евра, потврдија од судот.

По ваквата одлука на Кривичниот суд, одбраната на Камчев има право да поднесе жалба до Апелацискиот суд во Скопје во рок од три дена, кој почнал да тече од вчера.

Гаранцијата што ја нудеше Камчев се состоеше од нешто повеќе од 1,7 милион евра во имот и 200.000 евра во готовина. Минатата недела ваквото барање на прес-конференција го соопшти адвокатот Еленко Миланов, кој рече дека неговиот клиент треба барем да биде пуштен во куќен притвор, иако ставот на одбраната е дека тој треба да се брани од слобода со оглед на гаранцијата.

Реклама

Ова беше втор обид на Камчев со гаранција да излезе од Шутка, каде што се наоѓа од средината на март годинава, како еден од осомничените во случајот „Плацови на Водно“, заедно со експремиерот Никола Груевски, бившиот директор на УБК, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

МЗ: За еден месец над 22.400 нови заразени, починале 480 лица

Next Post

Царовска ги искара медиумите: Учениците не се заразиле во училиште, не ги покажувајте со прст

Реклама