Индиректните притисоци да се вакцинираат децата во училиштата, се научно неосновани, необјасниви и нелогични смета професорот и доктор-инфектолог Вело Марковски. Откако и до „Скопско ехо“ но и до други медиуми се јавија родители кои реагираа дека услов за нивните деца да не седат во изолација 14 дена заради заразено другарче е да бидат вакцинирани, излезе на виделина уште еден доказ за контрадикторноста на надлежните дека вакцинирањето нема да се наметнува и притиска.
-Има многу нелогичности и научно необјасниви работи. Веќе е беспредментно критикување на министер, на комисија за заразни болести, оти можеме да мериме на два дена колку гафови имаат направено или грешки. Ако се воделе според науката, тогаш е јасно дека децата треба да одат на училиште, не треба да се тестираат и не треба да се прават вакви мерки. Децата треба да се пуштат слободно, а се додека ние ги користиме овие брзи и ПЦР тестови ние никогаш нема да излеземе од оваа пандемија. Ако во оваа пандемија се базирвме на науката ќе поминевме добро, ама за жал се замеша политика, економија, па поминуваме катастрофално, рече Марковски во интервју за емисијата „Што не е јасно?“.
Тој смета дека децата не треба да носат маски во училиште, за што даде и научно објаснување.
-Маските се многу штетни во затворен простор особено за децата. На пример, кога возрасниот ќе осети хипоксија ќе се појави поспаност и нервоза, па ќе ја потргне маската за да земе воздух… Но бидејќи на децата им е кажано „не ја тргај маската“ можат да настанат многу посериозни состојби како онесвестување и паѓање. Научно е докажано дека децата нема потреба да носат маски, оти нивниот период на инкубација на вирусот трае и по две три недели пред да нападне заразата, период во кој детскиот организам експресно одговара заштитнички па децата многу ретко, речиси никогаш не се заразуваат. Од друга страна пак, кога се работи за цели семејства заразени, во ниту еден случај не се кажа дека детето го донело дома вирусот, секогаш почнува од некој контакт на возрасните со друго позитивно лице. Грипот да, децата го носат од училиштата, но тоа е сосема друг тип на вирус. Треба да ги оставиме децата, и да ја следиме ситуацијата, па ако има нови светски научни трендови или поинакви ситуации дома можеби ќе треба да размислиме за оние во погорните класови, на пример, трета или четврта година во средните училишта да учат онлајн. Децата во голем дел во себе ја носат стафилококус ауреус многу резистентна бактерија, која предизвикува тешки инфекции, а маските оневозможуваат да се исфрли. Да, маските ќе спречат ширење на некоја друга вирусна варијанта но да не дозволиме со нарушување на флората да се предизвикаат други автоинфекции, објаснува Марковски.
Според него, Македонија нема проблем со бројката на новозаразени, туку на смртност. Што не е случај ниту во земјите од регионот, а камо ли во Европа. Според него погрешните протоколи на лекување, во комбинација со затвореноста на надлежните да не примаат помош од други експерти, лошите услови во болниците, како и нефункционалност на болниците за лекување на други болести си го направи своето.