Dark Mode Light Mode

Колку е очајно: За 5.000 работни визи во Германија, над 50.000 заинтересирани Македонци

За само неколку часа од објавувањето, на веб-страницата на која државјани од Западен Балкан може да аплицираат за работна виза во Германија имало над 50 000 прегледи, објави денеска германската Амбасада во Скопје на својот Фејсбук профил.

На 1 септември во Германија стапи на сила последователна регулатива на таканаречената Регулатива за Западен Балкан.

-Сојузната влада овозможи привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд. Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи, објаснува германската мабасадорка Анке Холштајн, на Фејсбук профилот на германската Амбасада во Скопје.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Холандија од утре со задолжителен карантин, а од понеделник и вакцинирани и со негативен тест

Next Post

Сигнаа првите 200 читачи на отпечатоци од прсти за изборите - со нив ќе се прави обука

Реклама