Dark Mode Light Mode
Од ковид почина 15-годишно девојче
Гимназијата „Никола Карев“ воведува билингвална паралелка, за првпат тоа е на италијански јазик
Ако барате работа: Најмногу се бараат работници во услужните дејности и продажбата

Гимназијата „Никола Карев“ воведува билингвална паралелка, за првпат тоа е на италијански јазик

Во гимназијата „Никола Карев“ ќе се изучува италијански како трет јазик во наставата.

Станува збор за група од 23 деца што се запишани во прва година, кои во две смени ќе ја посетуваат оваа настава и кои на крајот на своето образование ќе се стекнат со Б2-сертификат за познавање на италијанскиот јазик.

 

Реклама

Италијанска паралелка се отвора првпат во нашата земја на иницијатива на средното училиште „Никола Карев“, а со поддршка на Град Скопје и Амбасадата на Италија. Запишаните ученици ќе го изучуваат италијанскиот јазик со 6 часа неделен фонд. Тие ќе имаат можност да изучуваат италијанска книжевност, култура, историја и уметност, а по завршувањето на четиригодишното образование, ќе се стекнат со сертификат за познавање на јазикот со ниво Б2. На тој начин на учениците што следеле настава во италијанската паралелка им се овозможува полесно да се запишат на некои од универзитетите во Италија.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Од ковид почина 15-годишно девојче

Next Post

Ако барате работа: Најмногу се бараат работници во услужните дејности и продажбата

Реклама