Мерката за приложување на сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19, што Владата ја усвои е со цел земјата да не се посочува како извозник на вирусот, објаснија денеска владините портпароли.
– Мерката е израз и наша определба да направиме се што е потребно нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која не треба да се препознава како земја извозник на вирусот. Треба да се има предвид дека постапка за обезбедување доказ за вакцинација или за прележан Ковид-19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен европски и светски земји која граѓаните секако треба да ја испочитуваат и затоа ова мерка во голем процент и се спроведува, изјави портаролот Мухамет Хоџа.
Според вчерашната владина одлука, секој граѓанин кој планира да излезе од државата и да патува треба да приложи сертификат за вакцинација со две дози или за прележан ковид во рок од 45 дена, или негативен ПЦР тест направен во рок од 72 часа.
Хоџа додаде дека нема да има можност за тестирање на самите граници.