Dark Mode Light Mode

Од ковид почина 15-годишно девојче

На Клиниката за инфетктивни болести почина 15-годишна пациентка од село Селце тетовско.

Според информациите од Министерството за здравство, пациентката со многу тешка клиничка слика е донесена на Инфективна клиника, откако 13 дена претходно била со симптоми на болеста.

Пред да биде болнички лекувана, пациентката имала тегоби 10 дена. Според медицинскиот извештај, станува збор за исклучително тежок случај, со развиена тешка форма на болеста, а од Министерството велат дека пациентката имала прекумерна телесна тежина.

Реклама

Според кажувањата на таткото на девојчето, и нејзината мајка починала од коронавирус.

Се очекува детали за овој случај на прес-конференција да соопшти директорката на Инфективна Милена Стевановиќ.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Македонските одбојкари на Европско, Финска прва пречка

Next Post

Гимназијата „Никола Карев“ воведува билингвална паралелка, за првпат тоа е на италијански јазик

Реклама