Пожар избувна денеска во подрумските простории во зграда на улицата „23 Oктомври“ во Аеродром. Причината за пожарот уште е непозната, но тој предизвикал експлозија на две плински боци.
На терен интервенирала Територијална противпожарна единица по пријава на граѓани за силна експлозија.
Според очевидците, пожарот настанал или од заварување, или од дотраена инсталација.
Пожарот го гаснеле две противпожарни возила и десет пожарникари. Пожарот е локализиран и во моментов се проверува дали е целосно изгаснат.