Dark Mode Light Mode

Младоста не штити од ковид, призна директорката на Инфективна по смртта на девојчето од Селце

Петнаесегодишната пациентка од тетовското село Селце, која почина на Инфективната клиника во Скопје од компликации од ковид, била со тешка здравствена состојба и, иако лекарите ѝ овозможиле комплетна терапија, таа не успеала да ја победи болеста.

-Пациентката дојде на Инфективната клиника во исклучително тешка здравствена состојба. Таа била претходно примена и во тетовската болница, но имала многу брз развој на тешка клиничка слика. Тераписки беше комплетно покриена, така што немало што повеќе да се даде од лекови и не можел да се смени крајниот исход од болеста, вели директорката на Инфективната клиника д-р Милена Стевановиќ.

Таткото на починатото девојче во епидемиолошката анкета навел дека и мајката починала од последици од ковид-19.

Реклама

Д-р Стевановиќ апелира до младите да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките бидејќи, како што вели, младоста сама по себе не штити од ковид, како што се сметаше на почетокот од епидемијата.

-Имаме работа со тешка инфекција и мора да бидеме исклучително сериозни, независно од младоста. Младоста не нè штити така како што сметавме или се надевавме на почетокот на епидемијата, вели д-р Стевановиќ.

На Инфективната клиника во моментов се хоспитализирани 160 ковид-пациенти од кои 10 до 15 примиле една или две дози на вакцина.

Според Стевановиќ, клиничката слика на оние што примиле вакцина е драстично полесна отколку кај невакцинираните.

Вчера почина и 22-годишен пациент од Куманово, кој најверојатно се заразил на свадба.

Пациентот не бил вакциниран и немал хронични заболувања, но во исклучително тешка состојба е примен на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Нема да има можност за тестирање на граничните премини

Next Post

Димитриевски за исклучувањето од СДСМ: Не е легитимно, тоа е шверцерска одлука на поединци од раководството

Реклама