Dark Mode Light Mode

За едни мајка, за други маќеа: Не е битно дали попишувачите ќе се вакцинирани

Државниот завод за статистика е комплетно подготвен за претстојниот попис, изјави денеска директорот на ДЗС, Апостол Симовски.

Тој уверува дека пописот ќе се спроведува под многу строги протоколи и како што рече на денешната прес-конференција, гарантира дека до последна точка и запирка ќе ги почитуваат протоколите и дека нема да го загрозат здравјето на ниту еден граѓанин.

Но на прашањето, дали попишувачите ќе бидат вакцинирани против ковид-19, тој рече:.

Реклама

-Дали некој е вакциниран или не е небитно, битно е дека ќе ги почитуваме протоколите, изјави тој.

Пописот треба да почне на 5, а ќе трае до 30 септември годинава и тој како што рече Симовски е задолжителен, а не доброволен.

Прашањето околу тоа дали попишувачите ќе бидат вакцинирани е актуелно во јавноста, особено откако Владата донесе рестриктивни мерки со кои се ограничи пристапот на невакцинираните и оние кои прележале пред повеќе од месец и половина во кафеаните, моловите…

Па оттука е и прашањето, како тогаш лицата кои во текот на денот ќе имаат контакт со голем број луѓе може да бидат и невакцинирани, само со мерки како маска и дистанца? Како тие не претставуваат ризик, ако се има предвид дека и о моловите задолжителни се маски, дезинфекција и растојание и плус има редари, додека во домовите ниту некој ќе види колку луѓе се ввнатре ниту дали се носи заштита. И што ако некој од домаќините е позитивен?

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Шекспирова“ ќе добие нов асфалт

Next Post

Се е подготвено за физичка настава - се согласија Царовска и директорите на основните училишта на онлајн состанок

Реклама