Dark Mode Light Mode

СДСМ објави уште 16 кандидати за градоначалници, меѓу нив не се Богоев и Марин

СДСМ соопшти уште 16 кандидати за градоначалници на локалните избори од кои 12 се нови имиња. Од сите градоначалници кои не добија можност за втор мандат, генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, го издвои актуелниот градоначалник на Општина Карпош, Стефан Богоев за кого објасни дека ќе добие нова, висока државна позиција, а како кандидат на СДСМ за градоначалник на Карпош го претстави актуелниот директор на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски.

Што функциј ќе добие Богоев, Николовски ече дека ќе каже претседателот на партијата и премиер.

Во СДСМ одлучиле да не го поддржат сегашниот градоначалник Златко Марин како кандидат за втор мандат иако во партиските анкети тој беше високо на листата. Кандидат за градоначалник во Аеродром е Александар Филиповски, поранешен пратеник, дипломиран економист, менаџер на повеќе компании во Галичник и во Скопје, Аеродром.

Реклама

Во Свети Николе СДСМ му даде поддршка на актуелниот градоначалник Сашо Велковски, магистер по економски науки.

Во Тетово поддршка доби Хемди Алезовиќ, стоматолог, за кого Николовски вели дека е познат како успешен во својата област и убеден е дека ги има симпатиите и авторитетот кај сите етнички заедници во Тетово.

Правникот Сашо Стојановски кандидат за градоначалник во Сопиште. Во Јегуновце актуелниот градоначалник, Дарко Блажевски е кандидат за уште еден мандат, а во Кавадарци партијата одлучи да го поддржи инженерот Горан Тодоров.

Кандидат за Кратово е Влатко Бојковски, инженер по информатика која сам најавил кандидатура, а партијата одлучила да го поддржи.

Можност за нов мандат доби и актуелниот градоначалник на Чешиново – Облешево, Горан Крстев.

Кандидат во Зрновци од СДСМ ќе биде машинскиот инженер Виктор Ангелов, во Илинден бизнисменот Александар Тодоровски, а во Демир Хисар Стефче Митревски, сегашен инспектор во Инспекторатот за земјоделство.

Нов кандидат СДСМ има и во Ново Село, социјалниот работник со Филозофски факултет, Ѕвоно Ангелов.

Ненад Коциќ, актуелен пратеник, е кандидат за градоначалник на Велес со кого Николовски вели дека лично тој ја гарантира победата.

Лекарот Мирко Стојановски е кандидат за градоначалник на Брвеница со кој Николовски ја заврши новата листа од 16 кандидати за градоначалници и нагласи дека младите и успешни кандидати биле во фокусот при изборот.

Центар и Куманово се општини за кои се уште не се истакнати кандидати.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И денеска лоша ковид- слика: 29 починати и 1.166 нови заразени

Next Post

Како 450 станаа 780 бегалци,Заев вели можеме и 1800 - колку луѓе од Авганистан ќе прими Македонија?

Реклама