Dark Mode Light Mode

Зошто барем 10-те километри автопат пред Охрид не се дозавршија и пуштија во употреба?

Со години властите се нешто чекаат, а трасата е скоро готова и полека се оштетува

Во ситуација, кога се виде дека ќе има доцнење на целата траса Кичево – Охрид, завршувањето на делницата Требеништа – Подомоље – Охрид мораше да биде прв приоритет, смета Звонко Наумовски

Со години е тешка нервоза да тргнеш во летниот шпиц за Охрид – особено преку Кичево. Многу возила, а тесен пат со многу дупки. И нервозата да е поголема – со години патот се проширува, а никако тоа и да се случи. Да, неколку мали групи на работници кои нешто работат околу е она што возачите можеа да забележат околу патот кој е стесен на повеќе места, има пренасочувања, дупките во асфлатот се веќе бројни, земја насекаде, посебно е ризично ноќното возење… Сето тоа оневозможува сообраќајот да се одвива како што треба па долгите колони на возила, посебно во викендите, стана секојдневие и патот кон и од Охрид кон Скопје сега трае најмалку четири часа!?

Реклама

-Годинава бев само еднаш до Охрид и можам да кажам дека патот е катастрофа. Тоа е многу убав збор за да опишам во каква состојба е, ни вели Зоран Бојковски.

Неговото искуство е резултат на сето она што во изминативе години се случува околу изградбата на новиот автопат Кичево – Охрид, а која веќе доцни со години. Започнат во 2014 година овој патен правец долг 57 километри кој требаше да чини 375 милиони евра и да се заврши во 2018 година, се уште стои недоправен. Градбата е речиси прекината поради недоразбирањата меѓу актуелната Влада и на кинеската компанија „Синехидро“ со кој беше склучен договор за изградбата. Се водат преговори… кои подолго траат од правењето на патот.

Зошто во меѓувреме не се заврши барем некоја делница која е скоро готова? На тој начин ќе се скратат маките на патниците. Трасата на новиот автопат е поделена на пет делници, а во овој момент најмногу е направено на последната: Требеништа – Подомоље – Охрид која е долга малку повеќе од десет километри и речиси целосно води преку рамничарски дел. Зошто таа траса да не биде брзо завршена за да колку-толку им се намалат маките на возачите? Тоа го бараат и граѓаните.

-Факт е дека изградбата на овој автопат неоправдано доцни. И во таква ситуација, кога се виде дека ќе има доцнење, завршетокот на делницата од Требеништа до Охрид мораше да биде прв приоритет. Завршувањето на еден дел од целата делница е решение за ваквото доцнење, Инаку, и јас возам со неизвесност и страв поради повеќе критични точки на патот, посебно ноќе и во лоши метео-услови, вели граѓаниот Звонко Наумовски.

Завршувањето на помали делници од една траса и се пуштаат во сообраќај е пракса која се применува при изградбата на неколку патни правци во Македонија како, на пример, Штип – Радовиш , Штип – Кочани и други. Со тоа граѓаните, барем еден дел од патот полесно го поминуваат.

-Кога возев кон Охрид, кај аеродромот, видов паркирани десетина булдожери и камиони кои служат за украс. Стоеја на исто место и кога одев и кога се враќав по неколку дена, вели Бојковски.

Граѓаните, очигледно, бараат одговор од надлежните. Бараат пред се акција и правење на работите за кои се платени. Во меѓувреме, и она што е направено до сега на оваа делница – пропаѓа. Токму поради тоа, не смее да се дозволи ваквата состојба да потрае и до следната сезона.

За 4 години ништо не е направено

Кичевчанец Мито Стефаноски ни вели дека е голем ризик да се вози по ваков „пат“.

-На патот се работи на некои подвозници и на по некој мост. За четири години ништо друго не е направено освен што се асфалтираа 5 до 6 метри за влезот кон аеродромот. За да возиш по овој пат најпрво треба да се поздравиш со фамилијата бидеќи можеш и жив да не се вратиш. Да останеше стариот пат подобро ќе беше, по безбедно за сите возачи. Покрај патот има отворени длабоки канали и во секој момент можеш да загинеш. Ужасно и срамно од странци кои доаѓаат и никогаш повеќе не ќе им текне да кинисаат за Охрид. Мое мислење или нека се прави или вратете го во првобитна состојба, затоа што нема ден без собраќајка и загинати, потенцира тој.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Денот да не почнува со телефонските кавги во утринските ТВ емисии

Next Post

Трета доза или сезонска вакцина против ковид - се одлучува на колку време и која ќе се дава

Реклама