Dark Mode Light Mode
СДСМ објави уште 16 кандидати за градоначалници, меѓу нив не се Богоев и Марин
Како 450 станаа 780 бегалци,Заев вели можеме и 1800 – колку луѓе од Авганистан ќе прими Македонија?
„Прилеп џез фестивал“ почнува вечерва

Како 450 станаа 780 бегалци,Заев вели можеме и 1800 – колку луѓе од Авганистан ќе прими Македонија?

Од првиот момент кога премиерот Зоран Заев најави дека Македонија ќе прими авганистански бегалци, бројките на луѓе кои ќе влезат во државава се менува речиси секој ден. Па така на 17 август Владата информираше за 450 Авганистанци:

-Најголем дел од 450-те граѓани кои се очекува да пристигнат до крајот на неделава, зависно од околностите на аеродромот во Кабул, се координирани и организирани од страна на американската невладина организација Национален демократски институт (НДИ), стои во владиното соопштение од 17 август.

Три дена потоа од истото место до медиумите стигна соопштение за 650 бегалци:

Реклама

-Владата до овој момент презеде обврска за прифаќање на околу 650 граѓани, локално население од Авганистан и тоа вработени и жени и деца од семејства на вработени во хуманитарните, демократски и миротворни меѓународни мисии, активисти од организациите за човекови права, соопштува Владата на 20.08. 2021.

Вчера, владиниот портпарол Душко Арсовски, кажа сосема трета, поголема бројка:

-780 граѓани на Авганистан се на списокот. Ова е според барањето на меѓународните организации кои стигнуваат до Владата. Стигнуваат 780 граѓани, за толку Владата презема обврска да обезбеди сместување, да ги згрижи и да помогне полесно да го поминат овој период тука од 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците. Најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје, рече Арсовски на 25 август.

Како 450 станаа 780 луѓе, и дали таа бројка е конечна ако се има предвид изјавата на премиерот од 19 август, кога јасно кажа дека Македонија може да прими и 1800 бегалци?

– Можеме 1000, 1200, 1800 луѓе да примиме и слично. Во моментов сме потврдени со 450, додека разговараме веројатно се потврдуваме некои нови 70 исто така миротворци и хуманитарци, изјави Заев на 19.08.2021.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СДСМ објави уште 16 кандидати за градоначалници, меѓу нив не се Богоев и Марин

Next Post

„Прилеп џез фестивал“ почнува вечерва

Реклама