Министерството за здравство денеска преку соопштение информираа дека се намалува старосната граница на заразени од коронавирус кои развиваат тешка клиничка слика на болеста.
Односно, дека на удар на четвртиот бран се младите, а причина за сè поголемиот број заразени меѓу оваа популација е ниската стапка на вакцинација.
-Потпирајќи се на природниот имунитет и добрата здравствена состојба, младите лица ја одбиваат или пролонгираат имунизацијата, со што се изложуваат на значително висок ризик од инфекција, а во случај на заразување сè почесто развиваат и тешки симптоми и компликации, бидејќи не се соодветно заштитени, велат од МЗ.
Од Министерството посочуваат дека последните податоци од израелската ЕКМО-асоцијација покажуваат дека сите хоспитализирани, критично болни пациенти кои се приклучени на апарат за животна поддршка во земјата се помлади од 60 години и без примена вакцина. Од вкупно 31 невакцинирано лице приклучено на ЕКМО-апарат, петмина починале, сите под 60-годишна возраст.
Во прилог на оваа информација од МЗ е и денешната која доаѓа од Тетово. Таму, како последица од ковид во изминатите 24 часа починале 6 лица, меѓу кои и 21-годишно лице, кое според лекарите немало други болести.
Имајќи ги предви ваквите податоци, зачудува фактот што МЗ заедно со МОН се најгласните кои инсистираат наставата во ваква епидемиолошка состојба со голем број заразени и починати, да започне со физичко присуство во средбите и основните училишта и комбинирано на факултетите. А токму таму е најмладата популација и оние кои глано се невакцинирани.