Dark Mode Light Mode

Авганистанците доаѓаат – на периферија на Скопје

Вкупно 780 граѓани на Авганистан ќе бидат згрижени во земјава, соопшти денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.

Одговорајќи на новинарско прашање, Арсовски рече дека најголем дел од Авганистанците ќе бидат сместени на периферијата на Скопје.

-За толку граѓани Владата презема обврска да обезбеди сместување и да ги згрижи, да помогне полесно да го поминат овој период додека се тука 90 дена. Во однос на хотелите, тоа е обврска на меѓународните организации кои ги покриваат трошоците, истакна Арсовски.

Реклама

Премиерот Зоран Заев пред два дена, одговарајќи на новинарско прашање во врска со бегалците кои треба да пристигнат кај нас, рече дека трошоците за престојот на бегалците ќе ги покријат соодветните организации и Соединетите Американски Држави.

-Но, тоа не значи дека ако треба нешто да покриеме и ние ќе покриеме. Досега ги носиме трошоците на превоз до хотелите, на вакцината, на ПЦР тест да се направи, на понудите за бесплатен здравствен преглед и секако доколку има потреба за други активности, изјави премиерот.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вчера во Скопје казнети 177 возачи, 23 санкции за брзо возење

Next Post

„Шекспирова“ ќе добие нов асфалт

Реклама