Европската комисија денеска го усвои нашиот национален Дигитален сертификат за вакцинација и го смета за еквивалентен на Дигиталниот сертификат на ЕУ.
Министерството за здравство се пофали дека нашата земја е прва земја во регионот за која сертификатите за ковид-19 ќе се сметаат за еквивалентни на Дигиталниот сертификат на ЕУ.
Појаснуваат дека со ова се избегнуваат сите ограничувања во патувањата како што се дополнително тестирање или карантин. Во неопходни случаи, како што е заштитата на јавното здравје, земјите членки можат да преземат дополнителни мерки. Благодарение на оваа одлука ќе бидат укинати ограничувањата за патување за луѓето што ги примиле вакцините против ковид-19 одобрени од ЕУ.
Во пракса, појаснуваат, носителите на овие сертификати ќе можат да ги користат под истите услови како и носителите на ЕУ Дигиталниот сертификат за вакцинација.