Dark Mode Light Mode

Која е вистината за тендерот за лични карти?

Втор ден нема одговор од власта односно МВР на фрлената ракавица од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски, кој вчера праша „дали причината поради која нема лични карти е обидот да се намести тендерот за обрасци за лични карти?“.

– Мислам дека јас секогаш се обидувам кога настапувам вака јавно и од ова студио сум кажал многу работи кои екслклузивно прв пат илзегле. Еве да прашам дали причината е тоа што се прави обид да се намести тендерот за обрасци за лични карти. Зошто? Затоа што и во моментов има закон според кој може да се издаваат лични карти, не е дека во Македонија нема закон за лични карти. Па како сите ние имаме лични карти, како се издавале лични карти во минатото. Секако, според закон, посочи Николоски.

Во меѓувреме, се појавува уште една дилема: како ќе се оди на гласање за претстојните локални избори ако не се реши пролемот со лични карти. Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски рече дека ќе биде неопходно да се направат законски измени за да се гласа со истечени лични карти.

Реклама

– Ние ќе направиме се за да изнајдеме законско решение, бидејќи знаете дека се употребуваат и личната карта и пасошот, така што граѓаните имаат или едно или друго. Ќе гледаме во таа бројка да потпаднат сите граѓани, бидејќи кој нема лична карта има пасош и обратно. Ќе преземе и дополнителни активности за да го искординираме тоа и ќе бараме и други законски решенија, рече Даштевски.

Повеќе од 40.000 граѓани се без лични карти, а ова им создава сериозни имотно-правни, банкарски, здравствени, проблеми при патување…Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, пред да стигнат обвинувањата од најголемата опозиција, рече дека никако не биле проблем обрасците за лични карти, оти ги имало, туку тоа што не се гласал Законот за лични карти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Дури 19 починати од ковид за 24 часа, нови 1.158 заразени

Next Post

Британската поетеса Керол Ен Дафи лауреат на годинешните „Струшки вечери на поезијата“

Реклама