Dark Mode Light Mode

Угостителите и туристичките работници до Владата: Сменете ги мерките, ќе пропаднеме

Угостителите со апел да се сменат мерките и со драматични податоци дека за само неколку дена како се во сила, драстично е намален прометот на угостителите и тоа за 30 отсто во однос на изминатите недели иако и во тој период не бил на вообичаено ниво, нормално за нивното работење.

Се откажуваат и веќе закажаните свадби и настани зашто со бројот на вакцинирани гости, не може да се организираат, велат угостителите.

Угостителите денеска на прес-конференција, заедно со колегите од туристичкиот сектор, јавно побараа измени на мерките, а таква можност, според нив, има.

Реклама

-Ова што е сега во сила, се донесе набрзина поради целата ситуацијата. Апелираме до сите да бидат трпеливи запто се надеваме дека ќе има промени на мерките, истакна потпретседателот на  Туристичко-угостителска комора (ТУК), Мартин Ангеловски.

Според него, во Одлуката за мерките е наведено дека се воведува забрана за влез во секаков вид угостителски објект за лицата кои не поседуваат сертификат, односно потврда за извршена имунизација или сертификат за прележан ковид во последните 45 дена.

Сметаат дека треба да се создаде можност за влез во овие објекти и за лицата кои прележале ковид-19 во изминатите 6 месеци или кои ќе приложат резултат од негативен PCR тест или антиген тест.

За одлуката која предвидува од 1 септември за влез во државата да се приложи сертификат/потврда за вакцинација или потврда за прележан вирус во последните 45 денови, велат дека и тука барањето за потврдата за прележан вирус во последните 45 дена, треба да биде заменета со потврда за прележан вирус во последните шест месеци, како што е во поголем број од државите и што е согласно препораките на стручната јавноста.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Уште колку бранови треба да има вирусот за да научат носење навремени мерки?

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ објави уште 19 кандидати за градоначалници - најинтересно е за Куманово

Реклама