Dark Mode Light Mode

На Струшки вечери на поезијата годинава само со потврда за примена вакцина или прележан ковид

И покрај пандемијата годинава од 26 до 30 август во Струга ќе се одржи јубилејното 60.издание на Струшките вечери на поезијата.

Оваа година тоа е под мотото „Извишени сведоштва, возвишени стихови“, а најавено е учество на повеќе од 30 поети од земјава и странство.

Фестивалот, како што соопшти дирекцијата, ќе се организира со физичко присуство на домашните поети и на најголемиот дел од поканетите учесници од странство, а дел од светските поети кои не можат да присуствуваат ќе бидат претставени преку видеочитања. Специјално видеообраќање и видеочитање, според информацијата на СВП, ќе има и годинашниот лауреат, британската поетеса Керол Ен Дафи.

Реклама

Физичкото присуство на публиката ќе биде ограничено поради капацитетот на просторот и поради протоколите за заштита, со задолжително приложување на сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина или сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст. Програмата на фестивалот, почнувајќи од изданието во 2019 година, целосно се пренесува во живо на официјалниот Youtube канал на СВП.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Владата планираше 200 илјади, а српските туристи искористиле 84 илјади картички за бесплатна патарина кај нас

Next Post

Улицата зад гимназијата „Орце Николов“ светна како писта

Реклама