Третата доза вакцина против ковид-19 од денеска е достапна во Србија, а граѓаните може да изберат која вакцина сакаат да ја примат.
По 180 дена од примањето на втората доза, сите вакцинирани граѓани ќе можат да ја добијат третата доза, и ќе бидат поканети преку СМС и е-пошта со линк што ќе ги одведе до порталот за е-управа, каде ќе добијат подетални информации.
Без оглед дали припаѓаат на групите за кои се препорачува третата доза, секој може да добие дополнителна доза по желба, шест месеци од примена втора доза и по добивање на повик од е-управа.
Според последните податоци, 3 лица починале во Србија во последните 24 часа, а евидентирани се 1.500 нови случаи на инфекција.
Од почетокот на епидемијата, официјално се потврдени 733.332 случаи на коронавирус, а 7.174 луѓе починале. Во моментов има 868 луѓе во болниците и 26 пациенти со ковид-19 на респиратор.
Лекарите наведуваат дека Србија влегла во нов бран на епидемијата и дека болниците се полнат, и предлагаат заострување на веќе постоечките мерки