Dark Mode Light Mode

Деновиве топло, од понеделник се враќаат 40 степени

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени. Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање.

Како што објави претходно УХМР, времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ахмети: Со Рамковниот, од кираџии станавме господари во нашата земја

Next Post

Единствено стабилно во состојбата со ковид е растот на заразени - денеска 672 и пет починати

Реклама