Dark Mode Light Mode

Антикорупциска: Вработувањата пред избори не се во ред, но земјоделските субвенции се регуларни

Според Билјана Ивановска, претседател на ДКСК , самата постапка на објавување огласи за вработување непосредно пред започнување на изборниот процес, не е во ред иако законски не е забрането.

– Ние сметаме дека тие не се во духот на доброто управување и дотолку повеќе што веднаш треба да се стават во мирување. Со самото објавување ги ставаат во заложничка позиција оние кои очекуваат да бидат вработени и тоа може да го користат како класичен клиентелизам односно обезбедување гласови, рече Ивановска на прес-конференцијата одговарајќи на новинарско прашање.

Изминатата недела во Комисијата се примени 60 барања за мислења од институции , што покажува дека постои правна несигурност во однос на одлучувањето во самите институции и бараат согласност од ДКСК, при што најголем дел се за вработувањата, односно дали смеат да вработуваат итн…

Реклама

Во делот на измените во Изборниот законик предвидено е дека вработувања може да се вршат само во дел на неодложни и итни случаи, освен за потребите на воспитно образовниот процес, посочуваат од Анткорупциска.

Но, за земјоделските субвенции, велат дека се редовна исплата, што се исплаќаат секоја година по Програма донесена од Агенцијата за финансирање на земјоделството и руралниот развој.

Иваановска признава дека перцепцијата е дека се изнаоѓаат разни начини за да се заобиколат законските забрани кои се однесуваат на изборите.

– Порано немаше забрани, а произлегле од непрофесионално и несоодветно постапување на претходните гарнитури и се договориле дека ќе има правила на игра. Секоја година гледаме дека овие правила на игра се сака да се заобиколат, незнам зошто, тогаш нека ги укинат и секој нека работи по своја совест, вели претседателката на ДКСК.

 

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ЦУК: Се уште гори кај Сарај, нови пожари кај Новаци, Кавадарци и на Китка

Next Post

Бектеши едно, Инспекторатот друго: Зошто граѓаните се излажани дека нема да бидат казнувани невакцинираните?

Реклама