Dark Mode Light Mode
Со претставата „Отело“ во вторник се затвора фестивалот „Стоби“
Многу граѓани со едногласно „не“ за вакцинирање под притисок – ќе има ли Владата слух за нив или останува на своето?
„Ѕуница Фестивал 2021“ почнува во сабота на 21 август

Многу граѓани со едногласно „не“ за вакцинирање под притисок – ќе има ли Владата слух за нив или останува на своето?

Ќе има ли владата слух за вчерашниот протест на стотиците граѓани што почна пред Собрание па продолжи кон Илинденска, на кој собраните против притисокот за вакцинација и порачаа „Мое тело, мое право, мој избор“? Наметнатите рестрикции, дека од денеска кафе може да се пие во угостителски објект со над 30 присутни само ако прикажете дека сте примиле една или две дози од вакцина, според демонстрантите се ограничување на слободата. Тие ги сечеа маските во знак на револт. Дали и што ќе преземе Владата, или пак ќе ги остави работите онака како што првично одлучи?

Според последните рестрикции, од денеска редари, инаку поставени и обезбедени од страна на самите објекти, ќе контролираат дали вакцинирани пиеме кафе или не. Неколку дена дебатата во јавноста беше дали треба или не да се биде вака ригорозен и колку тоа реално ќе помогне во поттикнување на луѓето да се вакцинираат. Мерката ставена на хартија, од денеска е во сила, а како ќе се спроведува во пракса останува да видиме.

Инаку, на вчерашните протести имаше и угостители кои порачаа оти ваквите рестрикции ќе стават клуч на врата на уште објекти кои одвај го издржаа притисокот на неработење во ковид-кризата, бидејќи редарите се дополнителен трошок кој треба да го обезбедат. Но, и дека последните ограничувања за невакцинираните ќе ги удри „по касите“ и повторно ќе се соочат со сериозни кризи.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Со претставата „Отело“ во вторник се затвора фестивалот „Стоби“

Next Post

„Ѕуница Фестивал 2021“ почнува во сабота на 21 август

Реклама