Нас нѐ интересираше во договорот да се опфатат супстанцијалните елементи, за од кираџии да станеме господари во нашата земја, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на денешната конференција на тема „По Охрид“, по повод 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.
-Ние сме силни, ние сме господари на оваа држава, Албанците беа исклучени од секое движење, Албанците беа исклучени од процесите. Не стигнавме до 21 век барем да го направиме чекорот што го направивме во 1903 година во Илинденското востание заедно Албанците и Македонците, Власите за заедничка држава. Имаме големи историски одговорности дури и како политичка партија за надминување и работа со луѓето за надминување на предрасудите. Во оваа земја сѐ уште има предрасуди. Сѐ уште постојат интереси кои се мотивирани од идеологии и земји кои не го сакаат напредокот на нашата земја, туку ги сакаат нивните влијанија, рече Ахмети.