Dark Mode Light Mode

ЦУК: Се уште гори кај Сарај, нови пожари кај Новаци, Кавадарци и на Китка

Центарот за управување со кризи попладнево на прес-конференција соопшти дека се уште е активен пожарот кај Сарај, а нови пожари има во општините Новаци и Кавадарци, како и над селото Црвена Вода кон планинскиот дом Китка.

По интервенцијата на двата армиски хеликоптери пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај бил локализиран, но попладнево околу 15 часот повторно е активиран на три места по што е информирана Територијалната противпожарна единица на Град Скопје.

Нов пожар околу 14 часот е забележан и во атарите на селата Грумази и Ивени во општина Новаци, каде што гори сува трева и нискостеблеста шума, а друг пожар утрово е забележан и над селото Црвена Вода кон планинарскиот дом Китка.

Реклама

Пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје во Општина Демир Капија е се уште активен и се прошири кон висорамнината Витачево кон село Страгово во Општина Кавадарци. На рамниот дел пожарот е изгаснат на фронт околу четири километри и засега висорамнината Витачево е безбедна. Пожарот е навлезен во шума во селото Барово, во место викано Балдовец, каде што теренот е стрмен и карпест и нема пристап и начин на приближување за гаснење  за што се бара и интервенција од воздух.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

250 евра за поединец, до 30 илјади евра за кафеана ако нема потврда за вакцинација

Next Post

Антикорупциска: Вработувањата пред избори не се во ред, но земјоделските субвенции се регуларни

Реклама