Dark Mode Light Mode

Изгаснат пожарот на Водно, го предизвикал човечки фактор

Пожарот кој денеска избувнал на планината Водно под месноста „Марково крувче“ е изгаснат, а причината поради која настанал, според Град Скопје, е човечки фактор.

На терен интервенирала Противпожарната бригада на Скопје со девет возила и екипи од ЈП „Паркови и зеленило“.

Реклама

Од Град Скопје апелираат граѓаните да внимаваат при посетите на Водно, потенцирајќи дека ризикот од пожари е зголемен поради високите температури.

-Поради зголемениот ризик за локални пожари од високите температура и портокаловата фаза со која е зафатен регионов,  Град Скопје апелира граѓаните при посета на планината Водно, другите излетничките места и шумите да бидат внимателни со отпушоците од цигари, да одбегнуваат палење оган на отворено, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари. Воедно доколку забележите пожар Ве замoлуваме веднаш да пријавите во Противпожарната бригада на тел. 193 или во Центарот за управување со кризи, на тел. 195, велат од Град Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Утре до 43 степени

Next Post

Сребрениот олимпиец Георгиевски пречекан во Скопје: Го остаривме ветувањето за медал

Реклама