Dark Mode Light Mode

Фирмата „Вардар“ од Градско го труела Вардар со мазут

По пријава од граѓани за излеана темна дамка во реката Вардар кај Градско, државен инспектор за животна средина темелно ги истражи можните извори и утврди дека излевањето потекнува од оранжериите Вардар АД од Градско.

Според информациите на ДИЖС, мазутот не се користел и истекувањето се случило од небрежност и неодржување на складиштето со преостанатите резерви.

-За правното лице е изречена казна од 20.000 евра во денарска противвредност за загадување на површински води, согласно Законот за води. Наредено е и чистење на остатоците од излевањето во кругот на оранжериите, како и склучување договор со компанија лиценцирана за транспорт и отстранување опасен отпад, соопштија од Инспекторатот.

Реклама

Наредниот ден е извршен и дополнителен контролен надзор при кој е утврдено дека правното лице има постапено по наредбата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

СДСМ објави уште петмина кандидати за градоначалници, четири се актуелни

Next Post

Џафери ќе ги распише локалните избори на 6 август

Реклама