Dark Mode Light Mode

Сребрениот олимпиец Георгиевски пречекан во Скопје: Го остаривме ветувањето за медал

Со аплаузи и скандирања вечерва на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје беше организиран свечен пречек на олимпискиот носител на медал Дејан Георгиевски.

-Ветивме дека ќе донесеме златен медал, за жал, донесовме сребрен. Но, ветувањето дека ќе донесеме медал го остваривме. Сигурен сум дека сите наредни Олимписки игри ќе имаме многу претставници во таекводно … Сакам да им посакам успех на останатите спортисти кои треба да настапат на Олимписките игри, дај Боже и тие да донесат медал, па да ги пречекаме вака и нив, рече Георгиевски, заблагодарувајќи им се своите тренери, семејството и клупските другари за поддршката.

Ова е само почеток, порача претседателот на Македонската таеквондо федерација, Борче Костовски. На следните олимписки игри кои треба да се одржат во Париз во 2024, рече тој, одиме по злато.

Реклама

Најмалку еден златен медал од Париз, вети и Дарко Костовски, кој е тренер на Георгиевски.

-Ние јасно и гласно пред сите ветивме медал во Токио. Ветивме златен медал, за малце не го стигнавме, но да бидете сигурни дека од Париз ќе донесеме најмалку еден златен медал, рече Костовски.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Изгаснат пожарот на Водно, го предизвикал човечки фактор

Next Post

Пожарот кај Кочани се шири кон куќите во северниот дел на градот, пратени два армиски хеликоптери

Реклама