Dark Mode Light Mode

Уапсен криминалец баран со меѓународна потерница

МВР информира дека утринава во 06.45 часот, од страна на полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-ОКР Кисела вода, Отсек за потраги, во содејство со Специјалната антитерористичка единица, во угостителски објект во с.Арачиново, лишен е од слобода С.Ј.(43) од с.Арачиново.

-С.Ј. се барал по распишана меѓународна потерница и наредба издадена од Казнено-поправната установа Идризово, за доиздржување на казна затвор од 3 години 5 месеци и 8 дена. Тој бил осуден на затворска казна од вкупно 6 години и 6 месеци за меѓународна недозволена трговија со наркотици, во врска со чл.215 ст.3 од Кривичниот законик. С.Ј. ќе биде предаден во Казнено-поправната установа Идризово за доиздржување на казната, стои во соопштението на полицијата.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Казнети 111 возачи во Скопје, 37 за брзо возење

Next Post

Пожарите во Турција однесоа 4 човечки животи

Реклама