Dark Mode Light Mode

УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство

Македонија доби ново подрачје признато од УНЕСКО како светско природно наследство, буковите шуми на Длабока Река како дел од Националниот парк Маврово.

Локалитетот Длабока Река на планинскиот масив Кораб со недопрената букова шума што се карактеризира со природни процеси што речиси се недопрени од човекот во последните 100 години е призната за Светско природно богатство на УНЕСКО, на антички и исконски букови шуми на Карпатите и други региони во Европа.

Одлуката за проширување на постојното транснационално природно наоѓалиште на букова шума во Европа, Комитетот на УНЕСКО ја донесене на вчерашната проширената 44-та сесија со која претседаваше Фужоу (Кина).

Реклама

Номинацијата ја иницираше Министерството за животна средина и просторно планирање и Јавната установа Национален парк Маврово, а е изработена со поддршка на Институт за екологија од Клагенфурт, Австрија и национални експерти.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Поради топлото време: Дневно стотина интервенции на итната помош и десетина колапси

Next Post

Разговорите со Бугарија ќе продолжат штом се формира новата влада во Софија

Реклама