Dark Mode Light Mode

СЗО предупредува: Расте стапката на заразени со ковид во Европа – највисока со Грција и Кипар

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека стапката на ширење на Ковид-19 е забрзана во некои земји од Европа, а според податоците врз основа на извештаите од националните агенции, во последните шест месеци Грција и Кипар имаат највисоки стапки на инфекција од пандемијата, додека Шпанија и Португалија имаат најголем број на инфекции, пренесуваат агенциите.

Европа досега има пријавено 58,74 милиони заразени и повеќе од 1,2 милиони смртни случаи.

Според анализата на моменталната состојба во Европа, најмногу дневни инфекции се регистрираат во Велика Британија, каде има по над 40.000, потоа во Шпанија, со околу 25. 000 случаи дневно, во Франција со 16.100 случаи во последните 24 часови, додека два дена по ред имаше по 21.000 новозаразен со Ковид-19.

Реклама

Грција, минатата недела соопшти за најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата, 4.300 случаи, а Кипар, исто така, го достигна најголемиот дневен број на заразени лица со Ковид-19, односно 1.000 дневно.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

За Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски куќен притвор, можеле да избегаат

Next Post

Теренска вакцина против ковид во 31 населено место - поверете кога и кај вас

Реклама