Dark Mode Light Mode

„Тортура“ се врати во повторно судење, но без нови докази – наскоро завршни зборови

Oбвинителството во предметот „Тортура“ за апсењето на Љубе Бошковски во 2011 нема да предложи нови докази или повтроно изведување бидејќи смета дека сите важни факти се целосно утврдени и фактичката состојба е целосна јасна.

Обвинителот Љубомир Лапе ова го кажа на денешното рочиште во Основниот кривичен суд откако на минатото судијката случајот повторно го врати во дополнение на доказната постапка бидејќи за судот не било јасно кој од обвинетите кои дејствија ги презел и со колкав интензитет.

Во „Тортура“ обвинети се ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и шестмина припадници на поранешната полициска единица „Алфа“, а спорниот начин на апсење на лидерот на Обединети за Македонија се случи на 6 јуни 2011 – ден по тогашните парламентарни избори.

Реклама

Адвокатите на Мијалков и останатите обвинети побараа да добијат записник и на следното рочиште наредната недела да се произнесат за денешното излагање на обвинителот. Доколку и тие немаат некакви докази и предлози, судијката најави дека ќе закаже рочиште за нови завршни зборови.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Благ пораст на заразените - 19 нови, позитивно е што нема починати

Next Post

Случајот „Холидеј ин“ е затворен – може да почне да се гради првата од трите висококатници

Реклама