Dark Mode Light Mode

Благ пораст на заразените – 19 нови, позитивно е што нема починати

Во последните 24 часа, од направени 2.518 тестирања, регистрирани се 19 нови случаи од кои во Тетово 11 и во Скопје 8.

Ако се следи трендот изминатите два дена, има благ пораст на новозаразените, а позитивно е што нема починати.

Не е познато дали има хоспитрализирани, бидејќи Министерството за здравство извесно време не испраќа информации за состојбата со ковид-пациенти во болниците, откако бројот на заразени нагло опадна.

Реклама

До вчера бројот на случаи потврдени со делта – сојот е 10.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.760, бројката на оздравени пациенти е 150.118, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 156, од кои 56 во Скопје.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Пандемијата го смени законот: Парите за субвенциониран оброк студентите ќе може да ги користат за што сакаат

Next Post

„Тортура“ се врати во повторно судење, но без нови докази - наскоро завршни зборови

Реклама