Dark Mode Light Mode

Помен за децата бегалци

Во организација на Сојзуот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија – МАКЕДОН денеска во паркот „Жена борец” ќе биде положено цвеќе пред Споменикот на децата бегалци Македонци насилно прогонети од Егејскиот дел на Македонија за време на Граѓанската војна во Грција 1946-1949 година.

Со традиционалното полагањето цвеќе на Споменикот се одбележуваат 72 години од крајот на Граѓанската војна во Грција, во која најголеми жртви беа Македонците и нивните деца. Пред споменикот ќе положат цвеќе делегации на седумнаесет здруженија на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и Сојузот МАКЕДОН.

Од Сојузот МАКЕДОН ги покануваат сите Македонци, партии и здруженија да изразат почит на жртвите од Граѓанската војна во Грција.

Реклама

Споменикот на децата бегалци, како вечен паметник за геноцидот врз нив, нивниот егзодус и голгота, е откриен на 30 јуни 1988 година, во чест на одржувањето на Првата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија од 30 јуни до 4 јули 1988 година.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Раскол во ДОМ по одлуката да се оди во коалиција со партии од центарот и граѓански активисти

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог закон за поврат на парични средства на граѓаните кои се вакцинираа во Србија

Реклама