Охридската полиција, вчера напладне во Охрид привела 28-годишник од Битола, поради тоа што претходно, по вербална расправија поради недоразбирање во сообраќајот, физички нападнал двајца охриѓани.
Според пријавата, при нападот тој со тврд предмет удирл и го оштетил возилото на едниот охриѓанец, а на двајцата им се заканувал и со остар предмет. На ова охриѓанецот чиј автомобил бил ооштетен возвратил, така што и тој го оштетил возилото и битолчанецот.
По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.