Dark Mode Light Mode

Отворен е конкурсот за награда „Живко Чинго“, трае до 30 јули

Распишан е годинашниот Конкурс за најдобар расказ за наградата што традиционално се доделува во чест на охридскиот писател и раскажувач Живко Чинго.Како што е објавено во самиот конкурс право на учество имаат сите полнолетни граѓани, кои своите трудови треба да ги достават во печатена форма во три примероци под шифра без лични податоци на адресата на Општина Охрид, со назнака „за конкурсот за расказ“.

30 јули е крајниот рок за испраќање на авторските дела, а резултатите ќе бидат објавени најдоцна до 6 август.

Наградата за најдобар расказ изнесува 30 илјади денари, а ќе биде врачена на културната манифестација „Вечер на Живко Чинго“ која во негова чест традиционално секоја година се одржува во неговото родно Велгошти.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

„Зелена престолнина“ не стана, сега Скопје ќе се трка за „културна престолнина“ на Европа

Next Post

Последен ден за аплицирање за субвенции за вградување плински уреди во возилата

Реклама