Dark Mode Light Mode

Владата размислува законот за еколошката такса да го прати во Собрание со европско знаме

Правните служби на Владата ја разгледуваат можноста да се стави европско знаменце на Предлог-законот за воведување зелена еколошка такса за горивата кој е во собраниска процедура.

Премиерот Зоран Заев лично смета дека треба, а неговото објаснување е поради тоа то е дел од Зелената агенда која, како што рече „е главна преокупација на Европската Унија, е во согласност со климатските промени и Парискиот договор“, но оства службите да проценат.

– Не постојат основи за коресподентни табели и нема директива и регулатива, но е поврзано со европската агенда и правните служби ја разгледуваат оваа опција како можност. Сепак, веруваме дека Парламентот ќе изнајде начин да се донесе законот заради тоа што со еколошката такса која е нова давачка дефинитивно нафтата кај нас останува најевтина во споредба со било која земја во соседството и од земјите-членки на ЕУ, рече Заев.

Реклама

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира овој закон со кој се воведува дополнителна давачка на горивата, со образложение дека таа ќе предизвика скок на цените на сите други производи.

Европското знаменце на законите значи скратување на времетраењето на дискусиите. За закони со европско знаме, расправата во матичната комисија може да трае максимум три дена, по што договорот  со евентуално поднесените амандмани би се нашол на пленарна седница.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

МНР ќе проверува што сакала да каже португалската државна секретарка за македонскиот јазик

Next Post

Владата ќе ги отпишува каматите, но не и долговите - тие ќе ги плаќаат на рати

Реклама