Dark Mode Light Mode

Пинг-понг со Љубанци: 9-ти ден без вода, општината ја „фрли“ топката кај „Водовод“

Општина Бутел се прогласи за ненадлежна и нема да им го реши проблемот на жителите на Љубанци, кои веќе деветти ден се без капка вода. Немаат за пиење, за миење, за добитокот… Според дел од медиумите од општината ги препратија новинарите одговори да бараат во ЈП Водовод, посочувајќи ги како како надлежни. Ама, оттаму втор ден молк. Во 21 век луѓето 9 дена се без вода, во пеколно жешко време и, се уште, ковид-криза.

Ова не е прв пат да останат без вода. Откако пред две години се случил истиот проблем летните агонии не им престануваат. Во хаосот, дел од граѓаните велат дека би биле задоволни и со неколку часа вода на секои два – три дена.

„Скопско Ехо“ неодамна пишуваше за исти проблеми и во селото Кучково, каде во водоводот вода нема цел месец. Двете села се во непосредна близина на главниот град.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ги чекавме со месеци за сега да се ладат во фрижидер - вакцините на „Синовак“ се уште не се одобрени од МАЛМЕД

Next Post

Со проекција на концерт на Влатко Стефановски почнува циклусот концерти на „Croatia Records“ во Кинотека

Реклама