Dark Mode Light Mode

По 500 евра за 745 естрадни уметници – еднократна помош за над година ипол неработење

Владата ќе им додели еднократна финансиска поддршка од 30.750 денари на 745 естрадни уметници, одлучено е на денешната владина седница.

Се работи за финансиска помош за естрадните уметници кои беа погодени од корона-кризата што е мерка од шестиот економски пакет.

Како што соопшти владината Прес-служба, на јавниот повик за финансиска поддршка на естрадни музичари, кој го објави Генералниот секретаријат на Владата, се пријавиле 1.633 лица.

Реклама

Но, по вкрстувањето на податоците од Министерството за труд и социјална политика, Управата за јавни приходи, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и официјалните списоци од Здруженијата на естрадни уметници, утврден е дека критериумите ги исполнуваат 745 лица.

Критериумите кои требаше да се исполнат се: да имаат пополнето годишна даночна пријава, да не се корисници на пензија, просечните месечни приходи да не надминуваат 15.000 денари, да не користат некоја од редовните програми за социјална помош на Министерството за  труд и социјална политика и да бидат членови на некое од регистрираните здруженија на естрадни уметници.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Полицаец зел пари од странец за да му го регулира престојот - ќе одговара дисциплински

Next Post

Владата ќе преферира електрични или хибридни возила - но за набавка ќе чека догодина

Реклама