Dark Mode Light Mode
Само шест нови заразени во 24 часа
МНР ќе проверува што сакала да каже португалската државна секретарка за македонскиот јазик
Владата размислува законот за еколошката такса да го прати во Собрание со европско знаме

МНР ќе проверува што сакала да каже португалската државна секретарка за македонскиот јазик

МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на толкувањето за македонскиот јазик во португалскиот предлог и ќе даде свој коментар, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој го повтори ставот дека португалскиот предлог е јасен и навистина е добра основа за решение. Според него, португалскиот предлог нуди решение, но не зазема страни.

– Веројатно, министерката направила толкување за бугарски медиуми или слично за кое нешто ќе провериме денеска преку стручните служби од МНР за автентичноста на тоа што е кажано и МНР соодветно ќе реагира во јавноста, рече Заев на новинарско прашање дали по денешната изјава на Закаријаш се уште смета дека португалскиот предлог е добра основа за решение со Бугарија.

Реклама

Државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш, изрази надеж дека по парламентарните избори во Бугарија на 11 јули ќе се најде решение за бугарското вето и за отворање на разговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ. Дел од медимите пренесоа и дека изјавила оти во минатото македонскиот јазик бил дел од бугарскиот јазик.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Само шест нови заразени во 24 часа

Next Post

Владата размислува законот за еколошката такса да го прати во Собрание со европско знаме

Реклама