Dark Mode Light Mode

Има ли Скопје водоводна мрежа за да живеат зелените градини на облакодерите кај „Холидеј ин“?

Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје излезе со апел до скопјани внимателно и рационално да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури. Ова е порака од претпријатието вообичаена за овој период од годината, и секако на место затоа што неодговорното однесување кон водата може да биде фатално.

Но, ако постои опасност од прекумерно и неодговорно трошење на водата, тогаш како, на пример, воопшто се планира да постојат т.н. зелени градини, односно јавен зелен простор на кулите облакодери што треба да никнат кај „Холидеј ин“? Како ќе се наводнуваат? Зарем тоа не е трошење нерационално и прекумерно на водата? Како тоа ќе го издржи скопскиот односно центарски водоводен систем? Дали ако остане како сега водоводната мрежа, при наводнувањето на зелените градини, останатите скопјани ќе трпат за некоја капка?

Прашања има уште, но никогаш никој не објасни како сето ова ќе го издржи постојната мрежа и дали ќе се проширува. Ако треба да се шири, градот ќе биде апсолутно блокиран дополнително, настрана од непроодното тесно грло во Центар што несомнено ќе ни се случи кога ќе почне градењето.

Реклама

Единствено што инвеститорите соопштија е дека кулите нема да биле „бетонски чудовишта туку урбан комплекс со многу јавно зеленило“. Како ќе го издржи тоа не само водоводната мрежа туку и струјното поврзување никој не кажува.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вакцините се клучни за победа над делта-сојот и за крај на епидемијата

Next Post

„Филхармонија на отворено“ утре вечер во дворот на Министерството за култура

Реклама